Skip to content

За проектот

Наставниците сè уште не се способни ефективно да дизајнираат дигитални наставни лекции и во хибридни ситуации (ученици со физичко присуство и истовремено ученици онлајн) и во мешани ситуации. Тие не само што треба да стекнат вештини за користење на софтвери и хардвери, туку мора да стекнат доверба во ефективноста на овој начин на предавање, да излезат од „комфорната зона“ на „традиционалната лекција“, соочувајќи се со новиот предизвик што го поставуваат условите на пандемијата.

Од друга страна, пак, учениците, кои евидентно се многу вешти во користењето на технолошките средства, често покажуваат одредена пасивност и ограничена употреба на понудените карактеристики. Тие не го гледаат знаењето како извор на развој и задоволство, а во исто време пројавуваат желба да останат. во „комфорната зона“ поради ниската мотивација и самодовербата.

Партнерството Hi-Class е формирано од институции за средно образование од Италија, Романија, Република Северна Македонија, Португалија и две компании од Шпанија и Полска кои се експерти за обука во областа на информатичката технологија и за развој на прилагодени дигитални решенија за наставниците и учениците. Партнерството ги има следните цели: да го направи процесот на настава и учење поефективен во контекст на мешана и хибридна настава, да ја подобри клучната компетентност на учениците во развојот на методологија за автономно стекнување знаења преку употреба на алатки за дигитална технологија за пристап до изобилството информации на Интернет.

Активностите на проектот се обука во движење, интелектуални резултати, како и државни и меѓународни натпревари меѓу децата кои се мотивирачки и формативни во исто време. Конкретно, резултатите ќе бидат ориентирани кон воспоставување и назначување Менаџер со дигитални должности, кој ќе претставува личност за посредување која ќе ги анализира потребите на наставниците во текот на наставата и ќе посредува помеѓу организациските потреби на училиштето и аспектите на имплементација на планирањата на наставниците. Другите интелектуални резултати ќе бидат портал за онлајн-наставни методи и начини за развој на рамка во која наставниците ќе учат со помош на нивни колеги наставници. Платформите развиени во областа на интелектуалните резултати ќе бидат достапни за целата меѓународна образовна заедница: ќе биде можно автоматски да се регистрирате и ресурсите да ви бидат достапни бесплатно. Порталот со онлајн-наставните методи и патеки, како  и рамката за учење и подучување меѓу наставниците ќе бидат достапни за нивниот методолошки развој и олеснување на процесот на учење.

Проектот #HiClass ќе биде широко промовиран преку одредување ден за отпочнување на проектот и денови во секое училиште посветени на ширење и дисеминација на методологиите развиени во мобилноста. Ќе има денови во кои наставниците ќе експериментираат со методологијата на дебата во намалена форма која привремено ќе биде прилагодена на времетраењето на часот, со подеднакво вклучување и на учениците кои се физички присутни и на учениците кои се онлајн.