HI-CLASS
Hybrid and Innovative digital aware Class
Број на проектот: 2020-1-IT02-KA226-SCH-095699
Период на реализација: 16.05.2021- 15.05.2023
За проектот
Соочени со епохалната транзиција која ги легитимира дигиталните технологии како неопходна алатка за гарантирање на правото на образование, се поставуваат прашања кои не’ спречуваат да ги комбинираме методологиите, свеста и иновациите на најдобар можен начин. Наставниците сè уште не се способни ефективно да дизајнираат дигитални наставни лекции и во хибридни ситуации (ученици со физичко присуство и истовремено ученици онлајн) и во мешани ситуации. Тие не само што треба да стекнат вештини за користење на софтвери и хардвери, туку мора да стекнат доверба во ефективноста на овој начин на предавање, да излезат од „комфорната зона“ на „традиционалната лекција“, соочувајќи се со новиот предизвик што го поставуваат условите на пандемијата.
Цели
Партнерството ги има следните цели:
#1
Процесот на настава и учење да се направи поефективен во контекст на мешана и хибридна настава;
#2
Да се подобрат клучните компетенции на учениците со цел развивање на методологија на автономно стекнување знаења преку употребата на дигитални алатки како начин да дојдат до изобилството информации достапни на Интернет.
Интелектуални резултати
IO1
Профил на Менаџер за дигитални должности
IO2
Портал со онлајн наставни методи и алатки
IO3
Развивање рамка за учење за наставници преку подучување од нивни колеги наставници