6. Чек листа за алатки за учење на далечина
При изборот на алатките за далечинско учење што ќе ги користите, има неколку работи што треба да ги имате на ум. Додека некои ќе бидат специфични за класот во кој се предава (како на пример кои теми ви требаат да ги покриете збирките на ресурси), многу се општи точки што вреди да се земат предвид.
6.1. Безбедност
Сè што се користи во онлајн учењето треба да биде безбедно. Ова е особено важно кога се децата во прашање. Проверете дали има соодветни безбедносни сертификати и дали зборуваат за тоа како ги користат собраните податоци. Иако ова се однесува на сите алатки за учење, тоа е особено важно за решенијата за видео конференции.
Ковид-19 доведе до тоа многу организации да користат Зум, каде што бомбардирањето на Зум (неовластени корисници пристапуваат и вознемируваат, понекогаш споделувајќи вознемирувачки материјал) беше вистински проблем. Наместо тоа, подобро е да користите платформи со построга безбедност за да избегнете изложување на учениците на ризик.
6.2. Лесно користење и пристапност
Не секој што се регистрира за онлајн учење има исто ниво на технолошки способности. Ова е особено се покажа во пандемијата, и мри што малите деца се учат преку Интернет. Сите алатки треба да бидат лесни за употреба и да имаат добри опции за пристапност (т.е. режим на слепи за боја, прилагодлива големина на фонтот). Исто така, треба да се осигураме дека тие се лесни за употреба и за туторите. Нема ништо полошо од предавање во кое предавачот постојано запира и започнува поради технички проблеми.
6.3. Пристапност до упатство за користење
Ова е слично како претходната точка. Секоја алатка за учење што ја користите треба да има упатства – без разлика дали се официјални на нивната веб-страница или лесни за наоѓање преку Google. Иако неофицијалните може да бидат добра алтернатива, добро е да ги прегледате за да бидете сигурни дека содржината е соодветна. Имајќи на располагање упатства, можете да користите малку посложени алатки, без да се грижите дека ќе им направите проблем на учениците или останатиот персонал.
6.4. Соодветни теми за обработка
Најдобро дизајнираните алатки можеби нема секогаш да ја покриваат содржината потребна за вашиот курс. Ова е особено важно за збирките на ресурси и интерактивни активности, иако се однесува и на други категории. На крајот на краиштата, нема потреба да се инвестира во претплата на платформа за учење јазик, ако таа не го вклучува јазикот што го предавате.
6.5. Цена на чинење.
Конечно, тука е цената. Многу алатки обезбедуваат бесплатни верзии за училиштата и универзитетите за да им помогнат да се прилагодат на „новата нормала“, но тоа не е гарантирано дека ќе трае. Важно е да ја споредите цената на алатките што ги сакате и да ги си го процените буџетот пред да ги купите – дури и ако некоја од нив е бесплатна во моментот. Не е паметно да започнете да работите со една алатка и да мора да се префрлите на друга поради зголемување на цената.
6.6. Практична проценка
Одговорете на следните прашања:
- Колку чини алатката која одлучивте да ја користите?
- Дали имате доволно упатства за да научите како да ја користите?
- Дали е доволно безбедна за вие и вашите ученици да ја користите онлајн?
- Дали имате соодветни теми за обработка?
Земете ги овие работи предвид кога бирате онлајн алатка.
Онлајн учењето можеби е релативно нова форма на учење на далечина, но веќе постојат многу аргументи за придобивките од него. Без разлика дали работите онлајн само привремено заради КОВИД19 или тоа е методот кој вам повеќе ви се допаѓа, овие алатки ви гарантираат дека ќе имате искуство со висок квалитет- не е важно дали се работи за целосно учење или за краток курс.