3. Предности на онлајн алатките за учење
Има многу позитивни страни во користењето на алатките за онлајн учење – тоа е една од причините зошто учењето на далечина станува се’ попопуларно! Исто така, тоа е причината зошто толку многу училишта усвоија техники за учење преку Интернет за да се справат со пандемијата на Ковид-19.
3.1. Можноста да учите било каде
Една од главните придобивки од користењето на алатките за онлајн учење е можноста за учење каде било, во секое време. Наместо да треба да барате ново сместување во нов град, можете едноставно да се најавите на вашиот компјутер и да бидете подготвени за часови. Ова е особено одлично за ученици или студенти со други обврски – без разлика дали тоа е работа, грижа за некого или дури и само некаков договор со кој се обврзани.
Друга придобивка е што не сте ограничени само на вашиот дом. За разлика од традиционалното учење, можете да направите пауза на средината на терминот, бидејќи можете да присуствувате на часовите и да ја завршите вашата доделена работа кога вам ви одговара. Замислете да можете да се опуштите на плажа цело утро пред да се најавите за предавање по ручекот, да разговарате еден час, а потоа да се упатите во прекрасниот историски дел на градот. Овој аспект на онлајн учењето значи дека можете да добиете висококвалитетно образование и истовремено да уживате во патувањето. Тоа би можело да обезбеди совршен компромис помеѓу студирање и земање една празна година.
3.2. Флексибилен распоред
Освен можноста да учите таму кадешто сакате, во повеќето случаи можете да учите и кога сакате. Платформите за учење се достапни 24/7, така што, освен што треба да се придржувате кон термините за синхронизирано учење (најчесто видео повици), сето останато можете да го направите кога вам ви одговара.
Ова не е предност само за луѓето во различни временски зони. Ако имате работа што не сакате да ја напуштите за да го унапредите вашето образование и едноставно можете да работите паралелно, што е многу добро кај курсеви за професионален развој. Им одговара и на луѓе кои најдобро работат во различни периоди од денот. Дури и кај видео повиците, не е вклучено патување на работа, така што ќе ви се чини дека предавањето во 9 часот наутро не е толку рано бидејќи можете да станете од креветот и веднаш да започнете.
Извор: https://ioannouolga.files.wordpress.com/2018/03/self-reg.jpg
3.3. Учење по ваше темпо
Додека видео повиците бараат од вас да држите чекор со другите ученици, останатите онлајн алатки што ќе ги користите се дизајнирани да ви овозможат да работите со свое темпо. Без разлика дали тоа значи многу читање во еден ден или го распоредува во повеќе од една недела, можете да изградите распоред кој ви одговара вам, наместо да држите чекор со другите луѓе.
Алатките како што се панели за дискусија овозможуваат да не треба веднаш да одговарате на прашања и или да разговарате. Наместо тоа, полесно е да одвоите време за размислување и истражување за она што можеби сакате да го кажете. Ова го отстранува секој притисок од потребата да се знаат работите веднаш. Се разбира, има рокови кои треба да се почитуваат – многу онлајн курсеви бараат работата да се достави преку нивните платформи за учење. Овие платформи го затвараат својот формулар за прикачување на задачата во доделениот рок. За среќа, програмите како Canvas им дозволуваат на наставниците повторно да го отворат за поединечни ученици, па затоа понекогаш е корисно да разговарате со вашиот водач на курсот ако тие рокови ви изгледаат прекратки.
3.4. Зголемена достапност
Средното и високото образование се достапни за голем број млади луѓе, поради различни причини. Учениците или студентите со физички хендикеп се соочуваат со дополнителни предизвици на кампусот, особено со стари згради со историско значење, кои често не се добро опремени со опрема која им го олеснува движењето и престојот на овие лица. За учениците или студентите со ментални заболувања некои методи на настава можат да бидат исклучително напорни. На пример, лицата кои страдаат од анксиозност имаат големи потешкотии да се вклучат во дискусија на семинар. Хроничните болести можат да доведат до тоа учениците да мораат да губат часови по одреден курс или предмет, при што дури и некои од најдобрите универзитети немаат најдено решение за овој проблем со кој се соочуваат некои студенти.
Учењето на далечина можеби нема да го реши секој проблем, но отвора алтернатива што е многу подостапна. Учениците со телесен инвалидитет повеќе не треба да се борат со предизвиците на кампусот, и наместо тоа можат да работат од својот дом. Учениците со ментални болести може да најдат некои од онлајн алатките кои им дозволуваат да се истакнат – некој ученик со анксиозност може да биде тивок во видео повиците, но може поцелосно да се изрази на панел за дискусија. Хроничната болест ќе останат проблем за кој мора да се бара решение, но некои од нивните симптоми може да се ублажат со намалување на степенот на напор што студентот мора да го вложи за да студира. Следењето предавање во кревет е многу подостапно отколку да морате да одите со јавен превоз низ градот.
3.5. Средина за учење по мерка на ученикот
Секој ученик најдобро функционира на свој начин, а училницата не најдобрата средина за учење за секого. Да се седи исправен на стол и да се фаќаат белешки на мало биро за предавања, сепак не е идеалното опкружување за повеќето луѓе.
Учениците – и наставниците! – можат да изградат работен простор кој одговара на нивните потреби. Без разлика дали станува збор за стоечко биро со полица за книги веднаш до него, маса на подот со прозорец зад неа, па дури и кратка пауза за кафе до блиското кафуле, лесно е да се прилагодите. Луѓето кои работат подобро во свое темпо можат да го сторат тоа, без да им го одвлекуваат вниманието на оние на кои им треба мирен, тивок простор.
Оваа прилагодена средина за учење не постои само во физичкиот свет. Наставниците можат да ги приспособат своите платформи за учење да работат така како што ним им одговара, додека учениците можат да изберат како најдобро да ги складираат ресурсите и да ги организираат нивните дигитални датотеки.
3.6. Голема разновидност на достапни курсеви и теми
За да се оправда постоењето на некој курс на универзитет или во организација, треба за него да постои интерес. Без да се приклучат одреден број ученици, нема причина за одржување на тој курс. Меѓутоа, со онлајн курсевите, многу е полесно да се обезбеди голем опсег на предмети или кратки курсеви за да се надополнат подолгите.
Поголемиот број на ученици насекаде (на крајот на краиштата, има глобална публика) и немањето потреба да се резервираат физички локации значи дека е многу полесно да се водат курсеви на одредеми теми. Алатките како софтверот за снимање видео значат дека не треба да го правите тоа повторно откако ќе одржите предавање. Оваа способност за повторна употреба на некои аспекти на курсот го олеснува оправданото постоење на помалите групи, бидејќи има помалку инвестиции штом еднаш ќе се постави тој курс. Има огромна разновидност на понудата. Без разлика дали се работи за професионален развој, академска љубопитност или само желба да пробате нешто ново, лесно е да се најде курс кој ќе ви одговара. Овие курсеви што можете да ги најдете на интернет може да ви бидат пример како и вие да развиете некој курс.
3.7. Креативни наставни методи
Алатките за онлајн учење им овозможуваат на наставниците да испробаат покреативни методи од стандардното предавање. Иако, не секој учител ќе го направи ова (и да се разбереме, не секој учител треба), оние кои знаат што прават навистина можат да се истакнат.
Наставниците можат да обезбедат комбинација од мултимедијални ресурси – видео, аудио и интерактивна содржина – или дизајнирани од самите наставници или од специјалисти. Ова значи дека истите можат да се приспособат на различни стилови на учење. Ученици кои повеќе учат визуелно можат многу да се потпираат на инфографика, видео и споделување на екранот, додека учениците кои повеќе сакаат аудио ќе се истакнат на подкасти, предавања или снимени интервјуа.
Има многу добри нешта кои едноставно не би можеле да ги правите во физичка училница – да креирате приспособени интерактивни квизови и флеш-картички, да поттикнувате заедничко виртуелно правење белешки или да поставувате задачи што вклучуваат игри наместо стандардни домашни задачи.