За Менаџерот за дигитални должности важно е да го знае значењето на онлајн учењето и какви видови онлајн учење постојат, со цел да го избере најсоодветниот начин за дадената намена. Тој ќе им го пренесува своето знаење на наставниците и ќе им помага да го изберат најдобриот начин за онлајн учење.
– Пример 1: Ако наставникот треба да го прошири своето знаење, тој/таа може да користи онлајн курсеви (групни или индивидуални).
– Пример 2: Ако наставникот сака да комуницира со учениците во врска со домашната работа, кадешто тие можат да ги испраќаат своите домашни или да поставуваат прашања, тогаш е потребен друг вид платформа (Moodle, Google classroom…)
– Пример 3: Ако на наставникот му е потребно мислење во врска со некое прашање, тој може да отвори форум за дискусија или прашалник за ученици, наставници или родители.
Целите за учење на овој модул се:
- Елементи на онлајн учењето
- Аргументи за и против онлајн учењето
- Избор на алатки кои најмногу одговараат за вашата намена
- Совети и чек листа за учење на далечина
Во овој модул ќе учиме за основите на онлајн учењето, почнувајќи од неговото дефинирање, видови онлајн учење, аргументите за и против онлајн учењето, придобивките и основните работи и совети кои треба да ги знаете пред да ја изберете вашата платформа за менаџирање и алатки за комуницирање. Наставниците треба да ги знаат можностите за онлајн комуникација, предностите на тоа што ќе го изберете и некои од недостатоците на онлајн учењето. Наставниците треба да знаат како да се релаксираат и да се оддалечат од екранот, како и да им ги препорачаат своите добри практики на учениците.
Практичните активности ќе им помогнат на Менаџерот за дигитални должности и на наставниците да го испробаат во пракса знаењето со кое се стекнале на овие модули.